238
МВР информира дека денеска околу 13 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на место викано „Дупки“ во с. Патишка река, Скопско, биле лишени од слобода С.А.(59), А.А.(31) и И.А.(25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар.
Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.