Уапсени се сите осуммина поради упадот во М-НАВ, велат од Обвинителство

by Fokus

„Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за кривично дело – Загрозување на воздушниот сообраќај“ соопштија попладнево од Обвинителство.

Оттаму велат дека „освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител“.

Упадот во М-НАВ се случи на 4 јануари, по прес-конференцијата на Синдикатот на која беше обелоденето што се случува со вработувањата во институцијата.

Осомничените влегле во објектот и нападнале контролори на летање.

Поврзани новости