Уапсени се двајца тетовци – ги тепале сопругите

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 16.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А.(51) од Тетово.

Тој бил пријавен од неговата 49- годишна сопруга, дека физички ја нападнал неа и нивниот малолетен син.

Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Денеска, пак, во 03.40 часот полициски службеници од СВР Тетово на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово го лишиле од слобода С.А.(44) од Тетово.

Тој бил пријавен од неговата 41- годишна сопруга дека во нивниот семеен дом, физички ја нападнал.

Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

Поврзани новости