111
Во нова полициска акција утринава се уапсени 17 припадници на затворската полиција во затворот ,,Идризово”, информираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
-Уапсени се 17 припадници на затворската полиција и веќе се изнесени пред судија на претходна постапка, кусо информираат од Обвинителството, најавувајќи дека набрзо ќе соопштат повеќе детали, во координација со МВР.
Во Кривичниот суд ќе се решава дали на полицајците ќе им биде одредена мерка притвор или друга мерка за обезбедување.
Инаку пред неколку денови специјалци од МВР извршија претрес во КПУ Издризово каде пронајдоа голем број на недозволени предмети, а беа откриени и два тунели.
В.В.