250
МВР информира дека рано утринава во 02.00 часот, по претходна наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани извршиле претрес во помошна просторија од куќа во Кочани и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“ по член 398 од Кривичниот законик, од слобода биле лишени С.А.(35), А.К.(32), И.М.(44), М.П.(33), Д.Д.(30), К.З.(36), З.М.(43), М.П.(35), П.Е.(28), В.Д.(37), О.В.(46) и Г.С.(34), сите од Кочани.
При извршениот претрес биле пронајдени и одземени пари, мобилни телефони и чипови.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.