544
Уапсени се повеќе лица во голема полициска акција во Тетово и Гостивар. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во тек е акција за приведување лица за дело сексуална залоупотреба на дете.
„Акцијата е во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со повеќе детали ќе ја информираме јавноста по завршување на акцијата“, велат од МВР.