383
Во рамки на акцијата „Ќелија“ во Турција биле уапсени петтмина македонски државјани кои се осомничени дека се припадници на Исламската држава. Уапсените веќе се испорачани во Македонија и одреден им е притвор.
-Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на оперативно тактички мерки за прибирање на сознанија и и обезбедување на докази за македонски државјани, припадници на терористичката организација, Исламска држава., а со цел превенирање и попречување на нивното учество во странска војска, полициски, паравоени и параполициски формации, велат од Министерството за внатрешни работи.
Се очекува прес конференција на министерот Митко Чавков на која ќе соопшти детали за акцијата.