Уапсени петмина родители кои питачеле со своите деца

by fokus

Во текот на изминатата недела биле уапсени петмина родители кои заедно со своите малолетни деца питачеле на улица, информираат од МВР.

Од таму појаснуваат дека одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, во текот на изминатата недела преземале мерки и активности за спречување на „питачење“,

– Притоа, лишени од слобода биле Л.А.(32), С.М.(24), Ш.К.(30), Џ.С.(30) и И.М.(33), сите од Скопје, кои биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на улици, булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје. Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Поврзани новости