Уапсени Македонки поради лажирање на вакцинација во Врање

by fokus

Две државјанки на Република Македонија ги доведоа во заблуда здравствените работници во Србија, успевајќи да добијат потврда за вакцинација, иако не ја примиле вакцината, јави дописникот на МИА од Белград.

Инцидентот се случил во саботата околу 12 часот во Спортската сала во Врање на главниот пункт за вакцинација во тој град, потврдија од Основното јавно обвинителство во тој град.

Две државјанки на Република Северна Македонија од Скопје, на возраст од 54 и 40 години, по лекарскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација ја напуштија Спортската сала, иако не беа вакцинирани.

Според Миодраг Стојановиќ, портпарол на Основното јавно обвинителство во Врање, државјанките на Македонија биле запрени на граничниот премин Прешево, кога биле уапсени за кривично дело наведување на заверка на лажна содржина и сослушани и казнети со уплата за хуманитарни потреби од по 60.000 динари (510 евра) секоја.

Поврзани новости