Уапсени мајка и син во Карпош

by Fokus

Мајка и син биле уапсени во скопски Карпош поради нарушување на јавниот ред и мир, информираат од МВР.

„Полициски службеници од полициската станица Карпош ги привеле С.Л. (22) и Л.Н.Е.(45), двајцата од Скопје, бидејќи во 3.50 часот на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Бледски договор“, С.Л. кој бил под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници, додека во 6.10 часот во просториите на полициската станица Карпош, мајка му Л.Н.Е. го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување, бидејќи не ѝ било дозволено самоволно и без дозвола да влезе во просторија каде бил нејзиниот син С.Л., кој бил претходно приведен. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости