1.2K
Три лица се приведени за влечењето коњ со автомобил среде Скопје, откако фотографија од инцидентот се рашири на социјалните мрежи. Од МВР соопштија дека сите тројца се сомничат за кривично дело „мачење на животни“.
„Денеска ( 02.03.2023) на улица Благоја Стефковски во Скопје од страна на полициски службеници од ЕВР Гази Баба лишени се од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни) сторено на 01.03.2023 околу 13:00 часот на ул. Коце Металец во Скопје , при што измачувале коњ. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава“, соопштија од Министерството.