Уапсени две момчиња во Драчево и Сарај, се шетале со пиштоли, куршуми и ножеви

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден полицијата уапси две момчиња кои со себе носеле оружје. Во Сарај околу 22 и 30 часот е уапсено 18-годишно момче со иницијали Б.С. од с.Крушопек, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка со три куршуми и нож.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Исто така синоќа на подрачјето на скопската населба Драчево, полицијата го уапсила Р.Д.(19) од с.Морани, се шетал со пиштол „зораки“и со една рамка со 61 куршум.

Не е соопштено која им била намерата на момчињата, но полицијата соопшти дека подготвува соодветна пријава.

Поврзани новости