Уапсени две лица во врска со нападот на рускиот конзулат во Марсеј

by Fokus

Две лица се уапсени во врска со нападот врз рускиот генерален конзулат во Марсеј, соопштија француските обвинители, пренесува Ројтерс.

Француските медиуми тврдат дека лицата се на возраст од 48 и 59 години, кои претходно и биле непознати на полицијата, а биле лишени од слобода откако учествувале на собир за поддршка на Украина.

Рускиот конзулат соопшти дека во понеделникот наутро на територијата на дипломатската мисија биле фрлени три предмети, од кои два експлодирале.

Констатирано е дека во инцидентот нема повредени, ниту е причинета материјална штета.

Медиумите тврдат дека во нападот, извршен на третата годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, биле употребени молотови коктели.

Поврзани новости