434
Во саботата вечерта, две лица од Македонија биле уапсени откако биле фатени на граничен премин како шверцуваат лекови
„На 25.02.2023 во 19.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги привеле Р.А.(64) од с.Лојане, липковско и С.Р.(54) од Куманово. Кај с.Злокуќане, липковско, при обид за илегален излез од Република Северна Македонија, полициските службеници извршиле контрола на патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А., во кое сопатник бил С.Р., при што биле пронајдени и одземени 190 кутии со по 500 таблети „далерон“, без соодветна документација“, додаваат од МВР.