470
Охридската полиција евидентира два случаи на семејно насилство во текот на вчерашниот ден, при што лишени од слобода се двајца охриѓани во два одвоени случаи.
Во првиот случај уапсен е Д.Т.(38) кој во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината.
Во 18.20 часот уапсен е И.К.(56) од Охрид кој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ги нападнал сопругата и нивната ќерка.
Од СВР Охрид информираат дека против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.