Уапсени двајца Кубанци во обид незаконски да ја преминат границата со Грција

by fokus

Две лица од Куба се уапсени откако синоќа се обиделе незаконски да ја преминат границата помеѓу Грција и Македонија.

Од МВР денеска информираа дека синоќа во 20.00 часот кај железничка станица „Кременица’’, биле лишени од слобода М.З.С(31) и О.Г.Р.П.(28), двајцата од Куба, кои се обиделе незаконски да ја преминат граничната линија помеѓу Грција и Македонија.

Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Поврзани новости