827
Утринава, екипа на Оперативен Тим Потраги (ОТП) уапсила двајца бегалци, кои треба да издржат затворски казни.
Првин била уапсена 37-годишната О.Л., по која полицијата трагала поради распишана централна потерница, односно за издржување на затворска казна од 1 година и шест месеци.
Набрзо, пак, бил уапсен и вториот бегалец, баран со две централни потерници. Уапсениот Б.С. е на возраст од 32 години, а треба да издржи казна затвор од 2 години и 10 месеци.