Италијанската полиција заплени 535 килограми марихуна, која со моторен чамец од Албанија ја транспортирале двајца Албанци.
Уапсени се Г.Д.(46) и С.В(38), двајцата од приморскиот град Валона,кои со чамецот се движеле кон крајбрежјето на Бриндизи.
Кога ја забележале полициската поморска патрола се обиделе да избегаат, но не успеале во тоа. Пред италијанскиот суд ќе одговараат за „меѓународна трговија со дрога“.
Акцијата на италијанската полиција била поддржана од воздух од силите на Фронтекс.
Според првичните проценки на полицијата, на која се повикува тиранската телевизија Ора њуз, доколку дрогата стигнела на црниот пазар би достигнала вредноста од пет милиони евра.
Во изминатиот период од годинава само во регионот на Пулија запленети се 12 пловни објекти и околу 13 тони марихуана,кои пристигнале од Албанија. Уапсен е 31 шверцер.