Уапсени дечко и девојка од Кичево кои продавале кокаин

by fokus

Маж и девојка од Кичево, кои биле во врска, вчера се уапсени под сомнение дека продавале кокаин. Во полициска станица вчера биле приведени 34-годишниот А.А. од Кичево и 24-годишната Ф.Л. од кичевското село Мамудовци.

А.А. бил пречекан и уапсен на влезот од зградата каде двајцата живееле под кирија, неговата девојка, пак, давала отпор на полицијата и се обидела да се ослободи од кокаинот пред нивното пристигнување.

„Одделот за крим полиција во содејство со Секторот за внатрешни работи Охрид и Надорешната канцеларија за криминалистички работи Кичево по претходно добиени сознанија дека две лица вршат продажба на наркотична дрога кокаин, на 12.03.2018 година изврши претрес во домот на двете пријавени лица во Кичево, каде двајцата живееат под наем. На влез во зградата од слобода е лишен А.А. кај кого се пронајдени 22 пакувања кокаин, додека при влегувањето во станот од страна на неговата девојка Ф.Л. бил даван отпор и истата ги спречувала полициските службеници во вршењето на службени дејствија. Дополнително истата успеала на кровот од соседната зграда да исфрли повеќе пакувања со наркотична дрога кокаин кои подоцна биле обезбедени“, велат од МВР.

При извршен претрес во нивнио дом пронајдени се и 6.660 евра за кои постојат сомненија дека потекнуваат од продажба на наркотичната дрога кокаин. Против двајцата е поднесена кривична пријава за “неoвластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

 

Поврзани новости