1
На 20.02.2025 во 23.05 часот пред наплатна рампа Тетово на автопатот Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода М.Ф.(20) и малолетник, двајцата од с. Урвич, тетовско.
При преглед кај нив и во патничкото возило „фолксваген поло” со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ф., а малолетникот бил сопатник, кај малолетникот била пронајдена и одземена марихуана, додека кај М.Ф. бил пронајден нож.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.