Уапсени 10 даночни инспектори во Белград, нивниот шеф уживал во луксузна вила со базен

by Fokus

Во акција на Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, денеска се уапсени десет даночни инспектори поради злоупотреба на положбата, а како што пренесуваат српските медиуми, ова е продолжение на акцијата за апсење што се случи на крајот од август годинава.

Според неофицијални информации, полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во соработка со внатрешната контрола на Министерството за финансии, уапсила десетина даночни инспектори за злоупотреби поврзани со поврат на ДДВ и перење пари, со што е оштетен српскиот буџет за неколку милиони и овозможи неоправдано богатење на сопствениците на приватни фирми.

Меѓу уапсените е и началникот на одделението за даночна контрола во Земун.

За потсетување, се трошеле пари на најлуксузни автомобили, скапи часовници и гардероби, а началникот на одделението за даночна контрола во Земун, кој е осомничен дека е организатор, уживал во луксузна вила со базен!

Познато е дека при претрес на неколку куќи и викендички биле пронајдени дури и лажни полициски значки и пасоши на кинески државјани.

– При претрес на повеќе згради, пронајдени се луксузни автомобили, скапи часовници Ролекс, брендирана облека и обувки, куфер од Луј Витон. Проценетата вредност само на гардеробата, чевлите, куферите е околу 70.000 евра – открил изворот.

Луксузната вила што ја користел, според извори, има затворен базен, вежбална, најсовремен видео надзор и е опремена со најскапиот мебел.

Поврзани новости