684
Жената од видеото кое денеска се појави во јавноста, а на кое таа тепа мало дете во скопското кафуле „Дежа Ву“ е уапсена. Ова попладнево го објави менаџерот на „Дежу Ву“, Зоран Василевски.
Од МВР за Алфа велат дека дадилката е уапсена.
-Утврдено е дека станува збор за негователка која била ангажирана да го чува детето. Негователката е приведена и известен е Јавен обвинител за натамошна постапка. Инцидентот е пријавен од страна на сопственик на угостителски објект. Тој околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете, велат оттаму.
Од МВР додаваат дека известен е и Центарот за социјални работи.