Уапсена жена за убиството на две деца пронајдени во куфери

by Fokus

Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека Јужна Кореја уапсила жена осомничена за убиство на две деца чии тела биле пронајдени во куфери во август, објави Би-Би-Си.

Станува збор за случај кој го потресе Нов Зеланд, а телата ги откриле странци кои купиле гардероба од магацин во Окленд.

Во него пронашле куфери со тела на убиени деца кои наводно биле во нив со години. Корејската полиција соопшти дека жртвите биле на возраст од седум и 10 години.
Нов Зеланд побара екстрадиција на жена од Јужна Кореја.

Полицијата соопшти дека соработувала со јужнокорејските власти во последните три недели за да ја бараат жената на 40-годишна возраст, откако минатиот месец објавија дека веруваат дека е во Јужна Кореја.

Тие се фокусирале на неа откако успеале да ги идентификуваат децата, чии имиња не се соопштуваат. Полициски агенти во четвртокот наутро пронашле жена со корејско потекло како се крие во стан во градот Улсан. По неа е распишана меѓународна потерница од Интерпол.

Локалните медиуми објавија дека се верува дека осомничената е поврзана со децата. Тие пишуваат дека семејството живеело во Оукленд неколку години и дека таткото на децата починал пред нивната смрт.

Според полицијата, семејството кое ги пронашло телата на почетокот на август немало никаква врска со смртта на децата и претрпела агонија по откривањето.

Поврзани новости