685
Полицијата во хрватскиот град Пула уапси 61-годишна жена која преку СМС пораки се заканувала дека ќе ги убие членовите на Националниот штаб за цивилна заштита и на премиерот, а истражен судија изрече мерка притвор, соопшти денеска полицијата.
На жената од Пула за која полицијата утврдила дека извршила четири кривични дела закана, судијата по распитот и одредил мерка притвор во траење од 30 дена.