Вчера во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи привеле припадничка на Армијата поради примање поткуп, објави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
-Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници.
Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!
Ги охрабрувам сите да ги пријавуваат ваквите случаи – криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор, порача министерката.