339
Генералната директорка на компанијата во чија сопственост е трговскиот центар во Кемерово, Јулијана Богданова, е денеска уапсена.
Против Богданова се очекува да биде покрената кривична пријава според рускиот кривичен закон, под сомнение дека не се испочитувани правилниците за заштита од пожар.
Според рускиот истражен комитет Богданова не презела никакви мерки во врска со пропустите кои се појавиле во системот за заштита од пожар.
Во пожарот починаа 64 лица, меѓу кои 41 дете.