482
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во село Визбегово ја привеле Б.Б.(33) од Скопје.
За неа била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „напад на овластено службено лице“, соопшти МВР.