374
Полицијата синоќа во скопското село Катланово ја уапсила М.А. (25) од село во Охридско, барана со потерница за сторено кривично дело „тешка кражба“.
„На 26 август во 21.40 часот во село Катланово, скопско, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А. (25) од село во Охридско. За неа била распишана централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд – Охрид за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело ‘тешка кражба’“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Таа ќе биде предадена на надлежната казнено поправна установа.