Уапсена медицинска сестра во Загреб поради лажни сертификати

by Fokus

Полицијата во Загреб ја заврши кривичната истрага против десет лица осомничени за фалсификување документи, меѓу кои и 31-годишна медицинска сестра која, како што се сомнева, ги внесувала лицата што ја поткупиле на списокот на вакцинирани. Врз основа на тоа извадиле потврди.

Таа ги искористила своите овластувања во октомври и внесувала неточни податоци во системот дека 28-годишна и 65-годишна жена се вакцинирани со една доза вакцина на почетокот на август 2021 година, иако знаела и била свесна за фактот дека не биле вакцинирани, информираат од полициската управа во Загреб.

Поврзани новости