Уапсена е и малолетната ќерка на брутално убиениот маж од Добој – се сомнева дека помагала во злосторството

by Fokus

Четиринаесетгодишно девојче, ќерка на брутално убиениот маж од Добој пред два дена, е приведена под сомнение дека помагала во делото.

Таа синоќа е уапсена и судот и одредил притвор, потврдија локалните власти.

Убиениот има и две ќерки од првиот брак.

Полицијата претходно соопшти дека пред да биде убиен, С.К. бил зашеметен со дрога, која му ја истурале во лимонадата и водата, а се сомнева дека во ова учествувала и неговата постара ќерка на убедување на мајка и.

Телото на С.К. беше пронајден пред две ноќи во шума недалеку од Добој.

Беше гол, врзан со јаже и селотејп.

Началникот на полициската управа Добој, Слободан Радинковиќ изјави дека неговата сопруга е осомничена како директен извршител на убиството, додека Д.Л. (19) со обвиненија за соизвршителство и помагање во извршувањето на кривичното дело.

Полицијата нашла докази кои укажуваат дека се било детално испланирано.

Наводно, мажот бил нападнат во кревет откако го дрогирале, а потоа го врзале во куќата и го ставиле во автомобил, со кој го однеле во шумата каде што бил убиен со нож.

Полицијата се сомнева дека смртните повреди му ги нанела сопругата.

Полицијата се сомнева дека делото било планирано, бидејќи неговата сопруга изнајмила автомобил и стан за тој ден во Бања Лука, каде што отишла по злосторството.

Поврзани новости