689
Египетскиот портал „Мада Маср“ денеска објави дека е уапсена неговата главната уредничка Лина Аталах пред каирскиот затворски комплекс Тора, за време на интервју со мајка на еден затворен активист.
„Мада Маср“, е еден од најголемите истражувачки портали во Египет.
Аталах е одведена во полициска станица, а утре ќе биде сослушана. Таа разговарала со Лејла Суеиф, мајка на активистот Ала Абд ел Фатах, кој е осуден на петгодишна затворска казна поради кршење на забраната за протести.