Уапсена е професор по математика, била во врска со средношколец

by Fokus

Професорка во средно училиште во Калифорнија неодамна е прогласена за „Учителка на годината“, но истата таа е уапсена поради сексуални односи со 16-годишен ученик, информира тамошната полиција.

Трејси Вандерхулст, 38-годишна професорка по математика во средното училиште „Јукаипа“, беше обвинета за силување откако истрагата ги потврди тврдењата дека имала сексуални односи со малолетник. Полицијата не соопшти кога и каде двајцата имале односи, пишува New York Post.

Жртвата, пак, е опишана како 16-годишен средношколец во споменатото училиште, иако не е јасно дали тој сè уште го посетува ова училиште.

Учителката завршила во централниот притвор во Сан Бернардино. Нејзината кауција била одредена на 30.000 долари. Детективите истакнале дека сметаат дека професорката подолго време „оперирала“ околу гимназијата и дека може да има повеќе жртви.

Полицијата ги замолила сите кои имаат дополнителни информации за инцидентот да ги контактираат.

 

Поврзани новости