Полицијата во соработка со обвинителството во српскиот град Ковин уапси девојка (21) поради сомнение дека му дала седативи на бебето!
Како што дознава српски Курир, мајката на детето била уапсена во петокот, а денеска била на распит во Основното јавно обвинителство Смедерево, кое предложило притвор до 30 дена.
Изворот открива дека мајката во своја одбрана изјавила дека „не се сеќава дали му дала на детето антипсихотици неколку ноќи“.
„Се сомнева дека на детето му давала седативи неколку дена, најверојатно за да не плаче“ – открива соговорникот за српскиот медиум.
Според информациите, се било откриено кога таткото на бебето забележал дека тоа не е добро.
„Бебето најпрво е однесено во Здравствениот дом, а потоа е испратено во Заводот за мајка и дете во Белград, каде лекарите откриле дека детето го има овој лек во крвта“ – открива соговорникот.
Според него, куќата била претресена и пронајдени се лекови кои мајката најверојатно ги добила на рецепт.
Таа заработи кривична пријава за сторени кривични дела „овозможување конзумирање наркотични дроги, како и напуштање и запуштање на малолетно дете“.