Уапсена е 56-годишна жена која украла пари од дневниот промет во обложувалница во Ростуше

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 19.50 часот на локален пат за с. Ростуше, Гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода В.Т.(56) од с. Ростуше.

Таа се сомничи дека околу 19.30 часот од спортска обложувалница во с. Ростуше одзела пари од дневниот промет.

Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости