Уапсен жител на Долнени кој со сила зел накит од жена

by Fokus

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода В.А.(34) од село Дебреште, општина Долнени и против него до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

Пријавениот, соопштија од МВР, на 16 август 2021 во 3.50 часот во куќата на С.Р.(55) во село Дебреште од неговата снаа со закана одзел златен накит и пари.

Од судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор.

Поврзани новости