Уапсен вработен во АНБ и уценувач на бизнисмен во полициска акција

by fokus

Во тек е полициска акција во којашто е уапен, засега еден вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и уште едно лице, за уцена на бизнисмен од Битола.

Овие неофицијални информации засега не ги потврдуваат институциите. Од Министерството за внатрешни работи извори на Фокус само потврдуваат дека има полициска акција и дека детали ќе бидат објавени кога ќе заврши.

Од Обвинителството за Фокус велат дека предметот не го води шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска туку е предмет на скопското обвинителство.

Други официјални детали не се соопштуваат. Според неофицијалните информации, во акцијата уапсен е обвинет, па амнестиран за упадот на 27 април, кој наводно уценувал скопски бизнисмен.

Освен него, уапсен е и вработен во АНБ. Засега нема потврда од институциите за неофицијалните информации.

Поврзани новости