Вечерва по барање на Обвинителството за организиран криминал е уапсен Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК.
Тој ќе биде спроведен во Кривичниот суд, бидејќи како што појасни обвинителката Вилма Русковска за Фокус, побарала да му биде одреден притвор.
Неговото апсење доаѓа по вчерашното сведочење на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.
Вечерва ќе биде познато дали на Атанасовски ќе му биде одреден притвор.
Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата си замина Сашо Мијалков. Тој во моментот е советник за безбедност на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Вечерва по налог на обвинителката Русковска е уапсен само Атанасовски, иако дел од обвинетите како организатори на “Крвавиот четврток” открија уште неколку лица.
В.В.