430
Во текот на вчерашниот ден 24-годишен велешанец бил уапсен од полицијата затоа што со остар предмет го избодел својот татко, велат од МВР.
„На 02.03.2022, полициски службеници од Полициската станица Велес го лишиле од слобода Р.С.(24) од Велесзатоа што по расправија во семејната куќа во Велес со остар предмет му нанел повреди на неговиот 54-годишен татко. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, додаваат од МВР.