Во Лепосавиќ денеска во раните утрински часови е уапсен уште еден Србин, извесен У.В. откако ја напуштил својата куќа.
Тој е уапсен утринава околу 8 часот, кога излегол од населбата Тврѓан кон Лепосавиќ, во близина на местото викано Бункер. Наводно е осомничен за напад на медиумска екипа.
„Приведувањето и префрлањето во полициска станица се резултат на интензивна истрага и докази дека тој учествувал во нападот на 16 јуни“ – се вели во кратката изјава на „Косовската полиција“.
Жителите на Лепосавиќ се собираат кај општинската зграда и се видно вознемирени од веста која пристигна утрово.
Околу Лепосавиќ, силите на КФОР се видно засилени.
Во петокот на административниот премин Јариње беше уапсен здравствениот работник Далибор Спасиќ, а ден пред тоа во Лепосавиќ беше уапсен Србин кој е обвинет за наводен напад врз новинари.