509
Уапсен е Младен Додевски, кого МВР го бара со потерница за насилствата во Собранието на 27-ми април. Додевски е еден од петмината по кои беше распишана потерница затоа што не беа достапни на органите на прогонот.
Кривичниот суд бараше притвор за Додевски и уште четворица осомничени во бегство, меѓу кои Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.
Додевски се сомничи за тероризам и уставно загрозување затоа што, според сомнежите, маскиран и со фантомка упаднал во Собранието заедно со толпата демонстранти.