Уапсен убиецот на 76-годишниот човек, кој беше пронајден мртов во неговиот дом во Крива Паланка

by Fokus

Полицијата го пронашла и го уапсила убиецот на 76-годишниот човек, кој минатиот месец беше пронајден мртов во неговиот дом во Крива Паланка.

Според информациите од МВР, се работи за С.Д.(27) од Крива Паланка.

„Имено, на 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт, по што веднаш се преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело“ соопшти МВР.

За случајот сочинета е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.

Поврзани новости