771
Жител на Тетово бил уапсен од полициски службеници поради тоа што ја истепал неговата сопруга, информираат од МВР.
„На 18.12.2020 година, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Т.М.(37), поради тоа што физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. Во соопштението од МВР се наведува дека тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.