Уапсен стружанец со 4.000 петарди

by fokus

Триесет и седумгодишник од струшкото село Лабуништа вчера бил приведен во полиција, откако при претрес во неговиот дом биле откриени повеќе од 4.000 парчиња пиротехни средства.

-Претресот во домот на М.М. бил извршен по претходно добиена судска наредба, а како што соопшти МВР, полициските службеници од ОВР Струга, пронашле 4 400 парчиња пиротехнички средства – петарди што неовластено ги поседувал.

Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Поврзани новости