608
Рано утрово, жител на Србија бил уапсен затоа што физички ја нападнал својата партнерка во Скопје, пренесуваат од МВР.
„Утрово во 03:00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.П.(32) од Република Србија, затоа што околу 00:00 часот физички ја нападнал неговата 26-годишна партнерка од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, додаваат од МВР.