Маж со иницијали И.Д денеска е приведен во Белград поради сомнение дека сторил кривично дело јавно поттикнување на терористички дејствија, соопштија за Танјуг од Обвинителството за организиран криминал.
Според српските медиумите, станува збор за државјанин на Србија, наводно вехабист, кој бил во контакт со Исламската држава. Нему му е одредена мерка притвор од 48 часа.
Тој е уапсен во заедничка акција на Службата за борба против тероризам, МВР и Обвинителството за организиран криминал, додаваат медиумите.
Ова не е првпат И.Д. да биде уапсен. Тој првпат бил уапсен во Белград во 2017 година, кога, како што се сомнева, со камион се подготвувал да прегази луѓе во центарот на градот.
Со него тогаш беа пронајдени плановите за напад, по примерот на нападот со камион во Барселона, кога во август 2017 година беа убиени 13 лица, а десетици беа повредени.