Дваесет и осумгодишен жител на Арачиново вчера бил уапсен бидејќи бил осомничен дека извршил убиство.
-Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде Б.Р.(28) од с.Арачиново, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл.123 од КЗ на РСМ, информираат од МВР.
Оттаму појаснуваат дека убиството било извршено на 18 авгус.
-Уапсениот Б.Р. околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 во с.Мојанци, кога поради меѓуфамилијарно нетрпение, со употреба на огнено оружје му нанел тешка телесна повреда на З.А.(30) од с.Арачиново, кој на 09.09.2019 во ЈЗУ УК „Св.Наум Охридски“ – Скопје, починал како последица на нанесената повреда.
Истиот ден околу 16:00 часот во с.Мојанци, братот на починатиот, по кратка вербална расправија околу напасувањето на добитокот, физички го нападнал таткото на осомничениот за убиството и му нанел тешка телесна повреда. Подоцна, околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 с.Мојанци, Б.Р. кон З.А. испукал неколку куршуми од огнено оружје, велат од МВР.
За уапсениот е ордедена мерка притвор.
Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил притвор од 30 дена.