Уапсен скопјанец осомничен дека си ја убил својата мајка

by fokus

Скопјанец денеска е уапсен поради сомнение дека ја убил својата мајка, извести МВР.

-Денеска во 07.50 часот на ул.„23ти Октомври“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека околу 06.30 часот во нејзиниот дом со остар предмет и нанел убодна рана на неговата мајка В.Т.(84) од Скопје, по што таа починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во известувањето на МВР.

Поврзани новости