405
Синоќа по полноќ, жител на Скопје бил уапсен затоа што вчера ја нападнал физички својата сопруга, велат од Министерството за внатрешни работи.
„Утрово во 01:20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(36) од Скопје поради тоа што на 30.12.2022 околу 23:30 часот физички ја нападнал неговата 40- годишна сопруга. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, додаваат од МВР.