Уапсен скопјанец баран со три централни и две меѓународни потерници

by Fokus

Синоќа во Велес е приведен 36-годишен скопјанец, кој бил баран со потерница за издржување затворскa казнa.

На 06.11.2023 околу 23.30 часот на место викано „Ветерско” во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Ќ.Н.(36) од с.Сингелиќ, скопско. Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за повеќе извршени кривични дела „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Поврзани новости