Уапсен синот на Ел Чапо

by fokus

Мексиканските власти го уапсија Овидио Гузман, син на Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, потврдија за Ројтерс пет неименувани локални функционери.

Веста за апсењето на Овидио Гузман дојде по судирот меѓу безбедносните сили и вооружените банди во градот Кулијакан во северната мексиканска држава Синалоа, седиштето на истоимениот нарко картел и една од најмоќните организации за трговија со дрога во светот.

Овидио Гузман, кој стана клучна фигура во картелот по апсењето на неговиот татко, беше накратко приведен од безбедносните сили во 2019 година, но брзо беше ослободен за да се стави крај на одмаздничките насилства извршени од неговата нарко банда.

САД понудија награда од пет милиони долари за информација што ќе доведе до апсење или осудување на Овидио.

Поврзани новости